Секој пациент во ВИТА ДЕНТ се подложува на детален почетен преглед, кој ги вклучува најновите и иновативни методи во модерната стоматологија.
Секој пациент добива персонализиран план, кој ги зема предвид неговите желби, медицински потреби и најдобриот професионален третман.
Секако дека ова се само законски определени гарантни рокови,
НАШИТЕ ИЗРАБОТКИ ГИ НАДМИНУВАТ ГАРАНЦИСКИТЕ РОКОВИ.
01
За да гарантираме висок стандард на третман, ја имаме најновата технологија во областа на стоматологијата.
02
Бескомпромисни сме во квалитетот на стерилизацијата на инструментите. Сите инстументи се спакувани и со втиснат датум и време на стерилизација на пакувањето. Затоа, имаме просторија за стерилизација која ги задоволува највисоките современи барања.
Ги закажуваме вашите посети според вашето лично слободно време.
Денот пред закажаната посета, ќе ве потсетиме за претстојниот термин. Исто така, ќе ве потсетиме преку е-пошта за вашите годишни прегледи за да ги зачуваме резултатите од вашиот третман.
Знаеме што е навистина важно – доверба, грижа, подготвеност да се помогне. Не затоа што сме професионалци, туку пред сè – затоа што сме луѓе. Ги користиме најновите достигнувања во стоматологијата каде што уметноста се среќава со технологијата. Постојано инвестираме во најновите технологии за лекување, но знаеме дека е поважно пациентот повторно да може да ужива во вкусот на животот.
Основана како мала фамилијарна ординација од Станка и Душан Ѓурчески, која има обучено многу доктори кои денес имаат свои сопствени одинации.
На ординацијата и се приклучува д-р Славица Ѓурческа Горјанска како општ стоматолог.
д-р Славица Ѓурческа Горјанска завршува специјализација од областа орална хирургија, ординацијата ја проширува својата дејност со хируршка гранка.
Меѓу првите ординации во Македонија се опремува за работа на МАШИНСКА ВИСОКО ПРЕЦИЗНА ЕНДОДОНЦИЈА за лекување на коренови канали.
По повеќегодишни обуки во областа на имплантологијата се вградени првите имланти во ВИТА ДЕНТ.
Првиот ALL on 6 имплантолошки случај во ВИТА ДЕНТ.
Комплетно менување на изгледот на ВИТА ДЕНТ и отворање на хируршката ординација ПЗУ ВИТА ДЕНТ Д-Р Горјанска.
Ординацијата е целосно реновирана, со нов ентериер и опрема што ги исполнува сите светски стандарди за највисок квалитет.
Регистриран е 8000 тиот пациент во ВИТА ДЕНТ.
Веруваме дека секој заб е сложен организам и неговите различни проблеми бараат различни специјалисти.