Сјајната, бела и блескава насмевка е еден од најубавите „аксесоари“ кај секоја личност. Затоа избелувањето на забите, кое до неодамна беше карактеристично главно за западните земји, сè повеќе станува вообичаена естетска процедура и кај нас.
Потемнувањето и појавата на дамки на забите со текот на годините е природен процес на кој влијаат различни намирници и пијалаци што ги консумираме секојдневно. Но, современата стоматологија денес нуди ефикасно и целосно безбедно решение што ја враќа природната белина и свежината на насмевката.
Воопшто земено – да, но не секогаш. Пред започнување на постапката, стоматологот ќе направи детална проценка на вашата орална состојба – ќе ги провери забите за кариес, присуство на забен камен, пломби, фасети и коронки. Исто така, ќе ја утврди и природната нијанса на забите за заедно да одлучите кој резултат е најсоодветен и реален.
Да. Стоматологот нанесува специјална заштита на непцата и околните ткива за да спречи контакт со средствата за избелување. На овој начин се обезбедува максимална безбедност и се избегнуваат евентуални иритации или оштетувања.
Средството за избелување содржи активни состојки кои продираат во глеѓта на забите, разградувајќи ги пигментите и наслагите што предизвикуваат потемнување. Често, процесот се потпомага со специјална лампа или ласер кои овозможуваат подлабоко продирање на активните компоненти и побрз ефект.
Болка нема. Кај некои пациенти може да се појави блага до умерена чувствителност, која обично исчезнува многу брзо. Важно е да се знае дека, и покрај можниот краткотраен дискомфорт, постапката е целосно безбедна.
Тоа зависи и од вашиот личен избор и од избраниот метод на избелување. Навиките на пациентот, како избегнување на храна и пијалаци што ја обојуваат глеѓта, имаат клучна улога во одржувањето на белината.
Во клинички услови, процедурата трае во просек околу еден час. Точното времетраење зависи од програмите и поставките на конкретниот апарат што се користи при избелувањето.
Веруваме дека секој заб е сложен организам и неговите различни проблеми бараат различни специјалисти.