Нашиот тим

Тимот на Вита Дент

Во Вита Дент не веруваме во „специјалисти за сè“. Затоа, тимот на нашата стоматолошка ординација има и оддел за орална хирургија е составен од внимателно избрани професионалци – доктор по општа стоматологија и специјалист по хирургија, секој со долгогодишно искуство и експертиза во својата област.
1993
Почетоците на една фамилијарна приказна

ПЗУ ВИТА ДЕНТ е основана во 1993год, страна на Станка и Душан Ѓурчески.Основана е како мала фамилијарна стоматолошка ординација која била фокусирана на услуги од областа на конзервативната стоматологија и стоматолошката протетика.

2001 / 2003
Новата генерација се приклучува

Во 2001 и 2003 година, во тимот се приклучуваат и ќерките – Елена Ѓурческа како администратор и д-р Славица Ѓурческа како општ стоматолог, со што семејната традиција продолжува со нова енергија.

2009
Проширување кон оралната хирургија

Во 2009 година д-р Славица Ѓурческа ја завршува специјализацијата од областа на орална хирургија и со тоа се додава уште една дејност во ПЗУ ВИТА ДЕНТ, хируршката.

2010
Модерна ера и технолошки напредок

Од 2010 година во ординацијата се внесуваат постојано современи методи за третман и дијагностика, меѓу првите ординации ја воведе комплетно машинската ендодонција за лекување на коренските канали,прецизна дијагностика со дигитален РТГ апарат,естетската стоматологија а подоцна и имплантологијата како проширена орално-хируршка гранка.

Денес
Два тима, една визија – здрави насмевки

Денес, ординацијата работи со два стручно водени тима, еден предводен од д-р Мартина Апостоловска (општа стоматологија и матичен стоматолог),
и вториот од д-р Славица Ѓурческа – Горјанска (орална хирургија).

Денес
Вита Дент – доверба што трае со децении

И двете ординации – ПЗУ Вита Дент (општа стоматологија) и ПЗУ Вита Дент д-р Горјанска (орална хирургија) – денес нудат услуги на товар на Фондот за здравствено осигурување(ФЗО), продолжувајќи ја традицијата на грижа и професионализам.

Нашиот тим

Нашите врвни стоматолози

Доколку барате добар стоматолог во Скопје, искусен орален хирург, внимателен детски стоматолог, или специјалист по естетска и протетска стоматологија, во ПЗУ Вита Дент ќе ги најдете сите.

Нашиот тим се состои од врвни професионалци во своите области – од општа стоматологија, преку ендодонција, до орална хирургија – посветени на тоа секој пациент да добие безболен, сигурен и квалитетен третман со најсовремени методи и технологија.

Д-р Славица Ѓурческа – Горјанска
Доктор по општа стоматологија и специјалист по опрална хирургија
Д-р Мартина Апостоловска
Доктор по општа стоматологија
Сузана Стојановска
дентален асистент

Контактирајте не брзо и лесно!

Веруваме дека секој заб е сложен организам и неговите различни проблеми бараат различни специјалисти.