Нашиот тим

Д-р Славица
Ѓурческа – Горјанска

Д-р Славица Ѓурческа – Горјанска е родена 1976г во Штип.
Високото образование го продолжува на Стоматолошкиот факултет при УКИМ – Скопје каде во 2002год. се стекнува со лиценца за доктор на стоматологија, а специјализација од областа на орална хирургија на клиниката за орална хирургија при истиот факултет во 2009г.

Во текот на своето практично усовршување најпрво се здобива со знаења од областа на машинската ендодонција и РТГ дијагностика, а потоа и естетската стоматологија и протетиката. По завршување на специјализацијата се фокусира на оралната хирургија, а од 2015 г активно се усовршува во областа на денталната имплантологија.

Покрај бројните конгреси, симпозиуми и курсеви што ги остварила во земјата и странство, практична обука има добиено во неколку поликлиники, во Софија и Германија.

Во моментот е на постипломски студии од областа на оралната хирургија.

+
Години искуство
Доктор по ошта стоматологија и специјалист по орална хирургија
Разговори

Погледнете ги разговорите со д-р Славица

Едукација

Знаење потврдено со сертификати и искуство

Контактирајте не брзо и лесно!

Веруваме дека секој заб е сложен организам и неговите различни проблеми бараат различни специјалисти.