
ПЗУ ВИТА ДЕНТ е основана во 1993год, страна на Станка и Душан Ѓурчески.Основана е како мала фамилијарна стоматолошка ординација која била фокусирана на услуги од областа на конзервативната стоматологија и стоматолошката протетика.
Во 2001 и 2003 година, во тимот се приклучуваат и ќерките – Елена Ѓурческа како администратор и д-р Славица Ѓурческа како општ стоматолог, со што семејната традиција продолжува со нова енергија.
Во 2009 година д-р Славица Ѓурческа ја завршува специјализацијата од областа на орална хирургија и со тоа се додава уште една дејност во ПЗУ ВИТА ДЕНТ, хируршката.
Од 2010 година во ординацијата се внесуваат постојано современи методи за третман и дијагностика, меѓу првите ординации ја воведе комплетно машинската ендодонција за лекување на коренските канали,прецизна дијагностика со дигитален РТГ апарат,естетската стоматологија а подоцна и имплантологијата како проширена орално-хируршка гранка.
Денес, ординацијата работи со два стручно водени тима, еден предводен од д-р Мартина Апостоловска (општа стоматологија и матичен стоматолог),
и вториот од д-р Славица Ѓурческа – Горјанска (орална хирургија).
И двете ординации – ПЗУ Вита Дент (општа стоматологија) и ПЗУ Вита Дент д-р Горјанска (орална хирургија) – денес нудат услуги на товар на Фондот за здравствено осигурување(ФЗО), продолжувајќи ја традицијата на грижа и професионализам.
Доколку барате добар стоматолог во Скопје, искусен орален хирург, внимателен детски стоматолог, или специјалист по естетска и протетска стоматологија, во ПЗУ Вита Дент ќе ги најдете сите.
Нашиот тим се состои од врвни професионалци во своите области – од општа стоматологија, преку ендодонција, до орална хирургија – посветени на тоа секој пациент да добие безболен, сигурен и квалитетен третман со најсовремени методи и технологија.
Веруваме дека секој заб е сложен организам и неговите различни проблеми бараат различни специјалисти.